Минхен: Објавена вонредна состојба, снимен еден од напаѓачите (видео)


Очевидец на пукањата во центарот на Минхен снимил еден од напаѓачите, станува збор за бел маж висок околу 190 сантиметри како излегува од трговскиот центар и пука врз луѓето кои бегаат во паника. Градските власти објавија вонредна состојба, а медиумите јавуваат дека едниот од напаѓачите најверојатно се застрелал.

Жителите на Минхен преку системот за тревожење за смартдони Katwarn се известени за воведената вонредна состојба во главниот град на Баварија, каде што вечерта се спроведува специјална полициска операција по вооружениот напад во трговскиот центар „Олимпија“, пренесува телевизијата Bayerischer Rundfunk.m

Граѓаните се повикуваат да не ги напуштаат домовите и да ги избегнуваат улиците и плоштадите, бидејќи напаѓачите се во бегство. Железничкиот и автобускиот сообраќај е прекинат, се советува граѓаните да ги следат радијата и телевизиите.

Интернет страницата на магазинот Bild објави дека еден од напаѓачите во трговскиот центар најверојатно се застрелал во главата. Официјална потврда на оваа информација нема, како ниту за бројот на можните напаѓачи, но се знае дека се повеќемина.

Граѓаните на Минхен вечерва започнаа акција на социјалните мрежи „Отворени врати“, со хаштагот на германски, англиски и француски # offenetür #opendoor #porteouverte, во која се нуди засолниште за сите странци по пукањето во центарот на градот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1