Министерот за правда фатен со дрога и оружје во дискотека Скопје – тврди Беким Фазлиу


Министерот за правда, Блерим Беџети, за време на полициската акција во дискотеката „Чери“, бил фатен со пиштол и со дрога, тврдеше денеска пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу. Тој, на почетокот од собраниската седница за пратенички прашања, ја стресе говорницата, упатувајќи ѝ прашање на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за акцијата во која, според кажувањата на Фазлиу, во криминал бил вмешан и министерот за правда, пишува плус инфо.

bekim– Министерот за правда, пред неколку дена, според некои медиуми, е фатен во еден локал со оружје, со нелегално поседување на оружје, а се вели дека поседувал и дрога. Министерке, барам информација за полициската акција во ноќниот клуб „Чери“, во Градскиот парк, каде што е имплициран и Блерим Беџети министер за правда и неговите луѓе – рече Беким Фазлиу, пратеник на ДПА, според официјалниот преведувач на Собранискиот канал на македонски јазик.

Министерката Јанкулоска во детали ја образложи полициската акција во ноќниот клуб „Чери“, и објасни дека за неколкумина кои биле затекнати во дискотеката како го прекршуваат законот,  следувале пријави, а дискотеката била пломбирана од инспекторите.

На овој одговор на Јанкулоска, следуваше реплика од пратеникот на ДПА.

Дадовте детали околу акцијата, само што не се спомна името на Блерим Беџети, кој што бил учесник и е лицето кај кого се најдени и оружјето и Вашиот непознат прашкаст материјал, што не сте откриле што е, тоа е дрога. Ова е скандалозно и начинот еден министер така да се фрли на земја да се влече од страна на полицијата, сето ова е навистина срамно, а што е уште полошо тој сè уште е на таа позиција и сè уште се нарекува министер.

Повеќе детали на – Плус инфо 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1