Триесетина канцеларии на подрачните единици на неколку министерства, кои се наоѓаат во зградата на општина Тетово веќе два дена се без струја.
Надлежните служби на ЕВН во четвртокот попладнето ја исклучиле струјата поради неплатени сметки. ЕВН прави напори проблемот да се надмине и кога ќе биде платен заостанатиот долг, електричната енергија ќе биде веднаш пуштена – ни изјави Атанас Ковачески портпарол на ЕВН, пишува Дневник
Од УЈП, која има најголем број канцеларии во општинската зграда, велат дека не се надлежни да го коментираат случајот и за информации упатуваат на Министерството за финансии. Сличен е одговорот и од другите подрачни единици кои се сместени во општинската зграда.
Повеќе на – Дневник