Министерството демантира – нема да се плаќа придонеси и за 1 денар хонорар


Министерството за труд и социјална политика демантира дека вработените ќе плаќаат придонеси дури и за 1 денар хонорар. Еве што велат во нивната реакција.

Со измените и дополнувањата во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за здравствено осигурување коишто  се применуваат од 1 јануари 2015 година се овозможува опфат со задолжително социјално осигурување на лица кои остваруваат приходи од извршување физичка и /или  интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, кој во нето износ е повисок од износот на минимална плата утврдена созакон.

Denari
Плаќањето на социјалните придонеси ќе се врши доколку приходот или приходите од извршување договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа во нето износ се повисоки од 9.590,00 денари, односно нето износот на минимална плата за 2015 година.

Законските решенија не се однесуваат на плаќање на социјални придонеси по основ на договор за  дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа и плата збирно, туку единствено доколку надоместокот од договорот за дело и/или авторскиот договор е повисок  од износот на минималната плата ( повисок од 9.590,00), без оглед дали лицето остварува плата или не.

Се надеваме дека реакцијата ќе биде објавена во целост во интерес на вашите читатели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1