Министерството за здравство го осуди инцидентот – лекарите стравуваат за својата безбедност


Од Министерството за здравство бараат институциите целосно да го расветлат инцидентот во кој лекар беше повреден од огнено оружје. На кратко работата на Клинички беше запрена. Медицинскиот персонал одржа состанок, на којшто беше заклучено дека стравуваат за својата безбедност.ministerstvo zdravstvo

„Ваквите инциденти се недозволиви во кој било здравствен систем, особено имајќи предвид дека здравствените работници во својата дејност се залагаат за спасување човечки животи. Никој нема право сопствениот револт да го искажува во форма на насилство кон лекарите и преостанатиот здравствен персонал, а уште помалку користејќи огнено оружје“ – се вели во реакцијата на Министерството за здравство.

Инцидентот го осудија и лекарите. Колегите на повредениот имаа состанок во амфитеатарот на Хиругија.

„Овој собир беше спонтан затоа што ние чувствувавме потреба да го изразиме револтот, а револтот е огоромен, буквално на сите. Ако се чувствуваме небезбедно, ако сме постојано под притисок дека некој може физички да не ликвидира, на работното место, тоа значи дека во здравството се случуваат пресериозни и преопасни работи. Постојано имаме тензија, постојано имаме закани од пациенти кои мислат дека се може да им биде дозволени“, изјави д-р Викторија Чаловска.

Надлежните институции ќе останат фокусирани на целосно испитување на случајот и преземање на сите мерки за соодветно санкционирање на сторителите. За ова дело е предвидена затворска казна во времетраење до десет години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1