Во врска со настанот на Клиниката за гинекологија, за наводно исчезнато бебе, за кој објавија дел од медиумите, Министерството за здравство со допис информира дека е разговарано со директорката на Клиниката.
– По спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста, наведуваат од Министерството за здравство.
Дел од медиумите објавија изјава на татко кој тврди дека е исчезнато неговото женско новороденче. Според него, бебето што го видел вчера по раѓањето не е истото што му било покажано денеска, затоа што било означено со погрешно презиме. Поради тоа, тој се сомнева дека тоа новороденче е неговата ќерка.