Министерството за здравство соопшти од што починал Англичанецот


Едно лице од Велика Британија почина во Скопје, со симптоми слични на ебола. Престојувал кај Мавровка во центарот на градот. Уште еден англичанец е хоспитализиран со истите симптоми.  Хотелот кај Мавровка е затворен од специјалните полициски сили и здравстените власти вршат увид на местото. Нема влез и излез од хотелот.

За 48 часа ќе се знае дали во Македонија има ебола – починатиот Британец во Скопје бил цела недела

Државјанин на Англија, роден 1956 година, е лицето кое почина денеска на Инфективната клиника во Скопје, а здравствените власти штотуку известија дека најрано за 48 часа со сигурност ќе се знае дали тој бил болен од ебола или од некоја хеморагична треска.infektivna1

– Персоналот од скопски хотел побарал лекарска помош за свој гостин кој бил неконтактибилен. Со возило на Брза помош итно е пренесен на Инфективната клиника, но и по сите лекарски обиди, тој починал во многу брзо време, односно за час и половина откако бил примен на клиниката. Во постапката која следеше, лекарите дознале дека тој неколку дена повраќал, имал внатрешно крвавење и бил истоштен. Кога бил примен на клиника, имал температура 37,4 степени. Бидејќи смртта настапила за брзо време, наредена е итна обдукција, а земените примероци со специјална курирска пошта од СЗО ќе бидат испратени во германска врвна лабораторија. Дознавме дека тој влегол во Македонија на 2 октомври, престојувал во хотелот со негов бизнис партнер, кој нè извести дека не патувале во држави каде е регистрирана ебола – изјави Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести на вечерашната итна прес-конференција.

Хотелот во кој престојувал Британецот, како и персоналот, се во карантин, а во карантин е ставена и амбулантната екипа која него го пренела до болница.

Во меѓувреме, во Министерството за здравство вечерва пристигнаа британските дипломати, кои се известени за настанот. Известени се и британските здравствени власти за случајот со нивниот државјанин, а како што изјавија од Министерството, тие се во постојан контакт и со СЗО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1