Стотина минувачи и патници притрчале во помош на повредениот велосипедист и го кренале автобусот тежок 14 тони за да го ослободат. Велосипедистот со тешки повреди е префрлен во болница.
Неверојатна храброст и хуманост покажаа луѓето – херои во Лондон.
Луѓето кои во блискиот ресторан во тој момент ручале во истиот момент ги оставиле своите оброци и потрчале да помогнат. Мошне брзата интервенција и организацијата на големиот број луѓе му го спасиле животот на овој маж.
Видеото кое ја докажува хуманоста има повеќе од 3 милиони прегледи.