Организаторот на играта на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски по пласманот во следната рунда од Европското првенство во Полска, преку социјалните мрежи на фотографија од соблекувалната упати порака со паролата на репрезентативците „За кого? За МАКЕДОНИЈА“.
Јунакот на мечот со Србија Дејан Манасков, кој постигна 10 голови не го криеше задоволството од обезбеденото учество во втората групна фаза.
– Мислам дека денешниот натпревар беше најтежок од оваа фаза. Се водеше вистинска „војна“. Резултатот беше изедначен. Во некои моменти бевме и посреќни. Првата цел ја остваривме, ќе имаме време да се подготвиме за новите три натпревари, истакна Манасков.