Бројни траги кои се предадени на понатамошна обработка и вештачење се пронајдени при увидот кај караулата во Гошинце во извршениот терористички напад.
Од МВР информираат дека изминатата ноќ не се регистрирани никакви инциденти, а екипи постојано патролираат на северниот дел од границата.
Оперативци и раководители од Министерството за внатрешни работи одржале состанок со косовските власти на кои им биле презентирани доказите и трагите со кои располага македонската полиција и од истата била побарана соработка за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.