Мис на светот силувана неколку недели пред изборот (Видео)


Линор Абаргил во 1998 година ја понесе титулата за Мис на светот, најубавата девојка од Израел ја понесе круната, но само неколку недели пред изборот истата доживеала непријатно искуство- ја силувале!

Со титулата најубава жена на светот одлучила да им помогне на другите жртви. Таа држи предавања и кампањи ширум целиот свет, а секоја приказна за силување ја потсетува на нејзината.

linor+abargil„Никогаш не сакав да учествувам на натпревари, но наградата беше патување на Тајланд и автомобил. Сакав да имам автомобил пред да добијам возачка дозвола, па поради таа причина за мене изборот беше рај“, изјавила Лонор, кој ја понесе титулата најубава на светот на само 18 години.

Но, она што се чинело како рај, наскоро се претворило во вистински пекол. Неколку недели пред финалниот избор Линор била жртва на силување во Милано.

„Кога победив, ја сфатив мојата мисија“, вели Линор.

А мисијата била да патува низ светот, да ги охрабрува жртвите на силување, да ги советува да не молчат, да не се срамат и да не се обвинуваат себеси. Взаемната помош е единствениот начин жените да го пријавуваат силувањето и сторителите да бидат казнети. Сепак, на жртвите од силување не им е лесно да  зборуваат за тоа што го доживеале.

„Нема потреба да се плашат, најлошото нешто веќе се случило“, вели Линор.

Познати личности ја поддржале мисијата

siluvanaКога победила на изборот, сакала да го промени светот. Тој нејзин ентузијазам и искрена посветеност ја препознале многу познати луѓе кои биле жртви на силување, кои се приклучиле на кампањата на Линор Абаргил. Меѓу нив се и актерките Џоан Колинс и Френ Дрешер.

„Помнам, бев легната на троседот, бев во дневната соба, а тој ме силуваше“, изјавила Џоан Колинс.

Силувањето било прво сексуално искуство на холивудската ѕвезда .

„Мојата мајка не се грижеше што велат соседите. Таа знаеше дека тоа е негова вина, а не моја. Посакувам сите жртви на силување да имаат поддршка како што мојата мајка ми ја даде мене“, изјавила поранешната Мис на светот.

Искуството на жените на кои им помага Линор ја враќа во Италија, местото каде што била силувана. Секоја приказна и отвора рани.

Човекот кој ја силувал е осуден на 16 години затвор. После многу години, Линор собрала храброст да го посети Милано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1