Ќе останеме без лекари – 150 македонски лекари се спремаат за странство?


Можно е дел од македонските лекари наскоро да ја напуштат земјата, незадоволни од платите, статусот во општеството и здравствените политики, дознава Фактор од лекарски извори.

lekariСпоред сознанијата во изминатите 8 месеци 150 лекари побарале потврди од Лекарската комора на Македонија кои, ако се следи досегашната пракса може да ги искористат за заминување во странство. За овој егзодус во најава на македонските лекари, нема официјален став на Лекарската комора. Неофицијално од комората објаснуваат дека тие не прашуваат за која потреба лекарите бараат потврда, но велат дека во пракса во 90 % или повеќе од случаите, такви потврди се даваат за потреба на вработување во друга држава.

Експертите не се изненадени – Трендот на отселување на младите, но и на искусните лекари во странски држави се очекува да продолжи и во наредниот период. Тука постојат повеќе фактори кои влијаат,но се чини дека за младите најважни се ниските плати и малото вреднување на докторксиот труд. Од друга страна пак за поискусните доктори, заминувањето во странство е поврзано со можност за повисока заработка, развој на кариера во странство, како и подобар живот во целина. Економската и социјалната сосотојба во државата се одраз и на состојбите во и околу здравство и медицинската професија. Никој не би си заминал ако тука му е подобро, но малите шанси за развој и прогрес ги принудуваат лекарите, како и средниот медицински персонал да мигрираат – вели Владимир Лазаревиќ, експерт за јавно здравство

Целата сторија на Фактор.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1