Во вилата во која сопругата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз живеела до 2013 година навечер гори светло, а во куќата никој не живее веќе три години.
Кога некој навечер ќе помине покрај вилата, може да забележат запалено светло, па се поставува прашањето: Кој и зошто се пали светло во куќата навечер?Вилата на Ул. Кнез Александар Караѓорѓевиќ 75 под надлежност на Република Србија. Таа вила која ја користела Јованка Броз во моментов не е во употреба, објектот е запечатен со судска одлука, бидејќи се води спор за тоа чие наследство е и истиот е под обезбедување 24/7.
Токму обезбедувањето навечер пали светло.
Некогаш првата дама на СФРЈ на зима се смрзнувала бидејќи во последните години од живото немале греење и насекаде имало влага.