Пред повеќе од девет месеци авион на Малезија Ерлајнс на летот МН370 од Куала Лумпур за Пекинг исчезна од радорот и од тогаш му се губи секаква трага. Најопсежната потрага во историјата на човештвото не даде резултати.
Австралиската канцеларија за безбедност во сообраќајот вчера ги објави резултатите од претрагата на голем дел од јужниот дел на Индискиот океан. Објави снимки од камерите поставени на бродовите кои го пребаруваа морското дно на длабочина од 6 километри.
– Станува збор за снимки од подморјето направени со специјални камери на бродот GO Phoneix. Снимките откриваат важни детали на дното на океанот. Камерите открија инзводредни податоци, наведува австралискатата канцеларија.
Бродовите GO Phoneix и Fugro Discovery продолжуваат со интензвна потрага на дното на океанот. Досега се пребарани 9.000 квадратни километри, што е 16 отсто од 55.000 квадратни метри површина која се пребарува.
Иако водечките луѓе на истражувачкиот тим во Австралија веруваат дека се на вистински пат да го пронајдат исчезнатиот авион, се` поголем е сомнежот дека малезиското летало никогаш нема да биде пронајдено.