Лекарите ми го убија детето, ако не бидат казнети јас ќе им пресудам


Родителите на 3-годишната Нејла Бариќ која починала на пат за болница, за нејзината смрт ги обвинуваат педијатрите во Брчко, БиХ.  Тие тврдат дека ја убиле несовесни лекари бидејќи девојчето имало само воспалени синуси. cbdshferjtkynmk6um

– Отидовме во болница. И извадоа секрет и и беше многу подобро, вели мајката. Меѓутоа кога дојде другата смена дошла една докторка која и ја променила терапијата и не го чистеше секретот. Анализите и ги правеше 15 часа пред да почине Нејла.

Мајката раскажува за моментот кога на девојчето и се слошило

– Приметив дека нешто не е во ред со моето дете, дека се губи веднаш ја повикав докторката, а таа ми рече да се смирам и дека тоа е реакзија на лековите, раскажува очајната мајка.

Визитата која ја сочинувале седум лекари одлучиле да го пратат девојчето заедно со мајката во болницата во Тузла во присуство на медицински сестри.

– Детето ми почина сред улица во тузла. Само ги затресе нозете и рече: Мамо сакам дома и толку беше, тоа беа нејзините последни зборови, вели мајката која неможе да се помири со својата судбина.

Мајката вели дека од воспалени синуси не се умира, па поради тоа тврди дека лекарите имаат направено голема грешка

– Температурата 37,5 и ги воспали синусите, од тоа не се умира за два дена. Ми го убија детето: Ќе убијат и други, јас ви велам. Ако не бидат казнети, ако полицијата и обвинителството бидат корумпирани како и здраvството, јас ќе им пресудам, вели мајката на починатото девојче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1