МИСТЕРИЈА НА ЛЕТОТ МН370: Еве што е снимено на дното на океанот


Пред повеќе од девет месеци авион на Малезија Ерлајнс на летот МН370 од Куала Лумпур за Пекинг исчезна од радорот и од тогаш му се губи секаква трага. Најопсежната потрага во историјата на човештвото не даде резултати.

okn-mal1

Австралиската канцеларија за безбедност во сообраќајот вчера ги објави резултатите од претрагата на голем дел од јужниот дел на Индискиот океан. Објави снимки од камерите поставени на бродовите кои го пребаруваа морското дно на длабочина од 6 километри.

– Станува збор за снимки од подморјето направени со специјални камери на бродот GO Phoneix. Снимките откриваат важни детали на дното на океанот. Камерите открија инзводредни податоци, наведува австралискатата канцеларија.okn-mal3

Бродовите GO Phoneix и Fugro Discovery продолжуваат со интензвна потрага на дното на океанот. Досега се пребарани 9.000 квадратни километри, што е 16 отсто од 55.000 квадратни метри површина која се пребарува.

Иако водечките луѓе на истражувачкиот тим во Австралија веруваат дека се на вистински пат да го пронајдат исчезнатиот авион, се` поголем е сомнежот дека малезиското летало никогаш нема да биде пронајдено.okn-mal2

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1