Мистерија стара 31 година: По тајните подруми на монструмот Фрицл, сега е осомничен за уште едно грозно убиство


Нерешениот случај на силување и убиство на 17-годишната Мартина Пош, која била пронајдена мртва во езерото Мондси во 1986-тата година, повторно станал актуелен.

И претходно постоеле сомненија дека можен убиец е австрискиот монструм Џосеф Фрицл, но оваа теорија станала уште поинтересна откако неодамна во поранешната гостилница на Фрицл биле пронајдени голем број на тајни простории.

Фрицл и неговата сопруга Розмари со години воделе угостителски објект во малото туристичко место Унтерах ам Мондси. Токму во близина на објектот било пронајдено и телото на несреќната девојка.

17-годишната Мартина Пош, која неверојатно личи на заробената ќерка на Фрицл, Елизабет, исчезнала на 12-ти ноември 1986-тата година. Тинејџерката била пронајдена по десет години во езерото Мондси. Била силувана, а нејзиното тело замотано во пластична ќеса.

Сивата торба, личната карта и клучевите, сината јакна и црните чизми кои девојката ги носела на денот кога исчезнала, никогаш не биле пронајдени.

Фрицл редовно доаѓал на езерото Мондси, потврдил неговиот пријател Пол Херер, кој тврди дека Фрицл прв пат на тоа езеро дошол во 1973-тата година.

Потсетуваме, неодамна градежните работници, при реновирањето на гостилницата, откриле дека еден ѕид е лажен, а потоа зад него пронашле ходник во кој имало скали. Скалите не водат никаде, бидејќи на другиот крај има ѕид од стаклени блокови, а веднаш зад него уште еден ѕид. Но, тоа не е сè – денешниот сопственик вели дека во куќата насекаде има шуплини.

Работите стануваат уште почудни ако се знае дека во оваа куќа, додека била во сопственост на Фрицл, два пати избивал пожар, па Фрицл морал да спроведе големи градежни адаптации. Полицијата едно време го сомничела Фрицл за пожарите, но немала доволно докази.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1