Двете нови, помали, но според формата слични дупки, претставуваат нов предизвик за научниците.
Две нови дупки се појавиле на Сибир, по помалку од две седмици по појавувањето на мистериозниот џиновски кратер на полуостровот Јамал. Една од нив се наоѓа во истиот регион на северот на Русија, а друга на полуостровот Тајмур. Дупките ги забележале сточари кои за малку ќе пропаднеле во нив.
Првата дупка ја воочил пилот на хеликоптер и веднаш го привлекла вниманието на јавноста. Сега истото го прават двете помали, според формата слични дупки. Претставуваат нов предизвик за руските, но и другите научници.
“Теориите се движат од метеори, залутани ракети и вонземјани”, известиле руските медиуми за можните причини на нивното настанување.
Кратерот во регионот Јамал има дијаметар од 15 метри. Тој на полуостровот Тајмур е помал, со дијаметар од 4 метри.
Кога се појавил првиот кратер научниците веднаш започнале истрага, а членката на тимот Ана Курчатова рекла дека станува збор за комбинација на вода, соли и гас кои предизвикале подземна експлозија, што е последица од глобалното затоплување.
По појавата на двете нови дупки, научничката Марина Либман рекла дека ги видела фотографиите и дека без сомнение, овие формации мора да бидат проучени. “Потребно е да се предвиди нивната појава”, изјавила таа.