Мистеријата на самоубиствотот на малечката невеста: Била бремена, а ја убил свршеникот?


Младата индиска актерка која ние ја паметиме по улогата на „Малечката Невеста”, Пратјуша Банарџи, беше пронајдена обесена во својот дом. Сепак, нејзините најблиски се сомневаат дека таа би си го одзела животот, па сомнежот паѓа на нејзиниот вереник со кој во последно време имала пробелми.Screenshot_18

За разлика од серијата каде беше прикажана борбата против малолетничките бракови во Индија, во приватниот живот, Пратјуша беше во среќна врска со својот колега, актерот Раул Раж Синг, но неодамна парот ја прекина неколкугодишната врска. Новинарите сметаа дека парот ќе направи тајна венчавка и дека раскинувањето е само фарса за јавноста.

Расул и Пратиша биле во врска година и пол дена, а нивната врска била и тоа како турбулентна. Постојат сомнежи дека катерката била бремена кога извршила самоубиство, со оглед дека на обдукцијата и е пронајдена течност во матката, која укажува на рана бременост.

Поради љубовните проблеми со свршенико Пратиша била депресивна и одбивала дружење, дури и работни ангажмани, што го потврди и индискиот продуцент Викас Гупта.Bollywood-star-Pratyusha-Banerjee-kills-herself

-Еднаш Пратиша не покани да дојдеме во нејзиниот стан. Кога пристигнавме ја затекнавме со повреда на носот и модринка под окото. Ние ја фотографираме и дадовме изјава во полиција за да таа целата ситуација почне да ја гледа од друг агол и стави крај на врската која ја уништуваше“, раскажала актерката Камџа Панџаби.

Пратјуша беше позната и по тврдоглавоста, па затоа и продуцентите ја исфрлија од снимањето и ја заменија со друга актерка. Слично помина и минатото лето кога ја исфрлија од сетот и од друга серија. По тоа, не можеше да добие ни една улога.

Ако ништо друго, барем делуваше дека е во среќна врска со колегата, и пред неколку месеци изјави дека би сакала животот да го помине со него.

Со оглед на тоа дека во последно време имале кавги, семејството го обвинува токму момчето за настанот. Велат дека изгледа мило но е опасен тип.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1