Мистеријата на вреќата со дијаманти на Мон Блан – била во багажот на урнат авион, а никој не ја бара


Вреќа со скапоцености вредни околу 250.000 евра се’ уште го чека својот сопственик во сеф во едно француско гратче. Скапоцените камени врзани во платнена торбичка, минатата година ги пронајде еден алпинист за време на својот потфат на искачување до највисокиот врв на Мон Блан.

446690_mont-blanc-01foto-ap_ffВреќичката полна со сафири, рубини и смарагди била закопана во снегот уште од 1966 година, кога авионот Боинг 707 на Ер Индија на летот 101 за Женева паднал на Мон Блан, највисокиот врв на Алпите. Сите 117 патници и членови на екипажот починале. Авионот направил огромен кратер во снегот, а речиси се’ било претворено во „прав и пепел“.

Поради лошото време личниот багаж на патниците и една вреќа со дипломатска пошта, со години стоеле закопани во снегот и биле собрани во текот на наредните неколку години. Сепак, многу нешта останале закопани а алпинистите редовно наоѓале делови од авионот, куфери, па дури и човечки остатоци.

Вреќата полна скапоцености ја нашол дури лани еден млад алпинист, и пријавил во надлежните служби. Интересно е што не се знае ниту кој ја пренесувал, ниту па некој се јавил да положи право на вредната пратка.

„Додека преминував преку глечерот Бесон, на мразот видов метална кутија во која имаше вреќа. Во неа имаше безброј скапоцени камења, и пишуваше Made in India. Се’ и’ предадов на полицијата, бидејќи не сакав да задржам нешто што му припаѓа на мртов човек“ – рекол алпинистот за ВВС.

Доколкуникој не се јави 2 години, богатсвото ќе го поделат градот и човекот кој го пронашол.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1