Интернет заедницата полемизираше минатата недела за фотографијата на која во позадина се гледа човек во количка кој неверојатно потсетува на Стив Џобс.
Љубителите на теоријата на завери веднаш застанаа во одбрана на тезата дека тој е всушност жив, но дека само сакал да се повлече.
Други оставаа коментари дека се работи за фотомонтажа, но насликата всушност е човек со име Енди Хан.
Тој изјавил: „Не сум Стив, но сум во Рио и жив сум! Фотографијата настанала на 3 август додека мојот асистент Луиз и јас го поминувавме попладнете во близина на Копакабана. Еден човек поминал крај нас и не фотографираше“, објаснил Хан.