Австралиската метеоролошка служба на својот радар виделазабележала необична формација во облик на буквата “S” во западниот брег на овој континент. Тие се сигурни дека не станува збо за облак.
“Нема облаци, нема ништо што би можело да предизвика “дождовно ехо”, какви што често среќаваме. Но до сега немаме сретнато ништо слично на ова. Радарот кој го користиме детектира влажност од воздухот.” – објаснува Банет.
Тој додава дека понекогаш се случува ласерот да се одбие и да почне да ги отчитува честичките од океанот или од земјата наместо од воздухот.
Канал ABC го прашале Министерството за одбрана дали одржувале воени вежби во последно време кои би можеле да го предизвикаат мистериозното отчитување на радарот, но од Министерството не одговориле ништо.
Од Метеоролошката служба се шегуваат на Твитер, објавувајќи под фотографијата:
Мило ни е што нашето милениче успеа да се спаси од ајкулите. Нејзиното име е Сузан и таа сака да јаде планктони.