Мистериозен објект со голема брзина лета кон Земјата – удира денеска, петок 13! (видео линк)


Мистериозен објект кој научниците го нарекоа “WT1190F” денеска со огромна брзина лета кон Земјата. Ќе биде видлив во 19.20 часот по наше време, а ќе влезе во атмосферата некаде над Шри Ланка.kraj svet asteroid juiter

Астрономите сметаат дека се работи за „вселенски отпад“ , најверојатно горен дел од ракета направен од човекот кој – „се враќа дома“.

Експертите сметаат дека голем дел од објектот ќе согори по влегувањето во земјината атмосфера, но властите на Шри Ланка презеле безбедносни мерки. Воведени се привремени забрани за летови и рибарство во деловите каде се очекува објектот – јавува CBCNews.

– Шоуто кој ќе го направи овој објект ќе биде спектакуларно, во неколку секунди ќе биде навистина блескав и ќе се гледа од Земјата – се наведува на сајтот на Европската вселенска агенција.

Влегувањето на ова парче вселенски отпад во атмосферата ќе изгледа како „небото да паѓа“ – пренесе CNN.

Приближувањето на мистериозниот објект и спектакуларната глетка на продорот во атмосферата можете да ги видите во живо со клик на овој линк.

 

Мистериозниот објект падна на Земјата – уште не се знае што е (ВИДЕО)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1