Мистериозен вирус ги напаѓа децата ширум Америка


Стотина деца во различни делови на САД, се хоспитализирани поради непознатиот вирус кој ги напаѓа нивните респираторни органи

Средниот и западниот дел од континентот се најмногу зафатени, а не изостана ниту Колорадо. Според извештаите на американските медиуми, една болница во Канзас Сити примала и по 30 деца дневно за лекување од непознатото заболување, кое е слично на настинка, но има многу полоши симптоми. Околу 15% од преку 300 примени пациенти, се наоѓаат на интензивна нега

dete bolnicВо петокот, болницата во Илиноис не примала деца помлади од 12 години, во намера да го сузбие ширењето на заразата.  Во градот Квинс, во текот на викендот се разболеле повеќе од 70 деца.

Слични случаи се појавиле и во Охајо, каде болниците забележале драстичен пораст на децата пациенти со респираторни проблеми.

Докторите испратиле примероци на анализа и споредување со вирусот ХЕВ68, ретко заболување кое ги напаѓа децата многу почесто од возрасните.

Случаи од овој вирус се забележани во минатите години во САД, а симптомите се слични на оние кај настинката.
Најчести знаци на вирусот ХЕВ68 се грозница, кивавица, кашлање и болки во мускулите. Вирусот не е фатален.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1