Иако официјалната верзија на неговата смрт е срцев удар, разни медиуми шпекулираат дека на младиот Рашид веројатно му пресудија дрогата, алкохолот и стероидите. Имено, наследникот веќе некое време не се појавувал во јавноста, а за тоа време се шпекулираше дека се лекува од зависност. Секако дека медиумите во Емиратите не пишуваат за такви работи, но затоа во Саудиска Арабија развиле голем број на теории. Особено за оргиите помеѓу богаташите во ОАЕ каде дрогата се конзумирала во огромни количества. Принцот наводно бил голем љубител на таквите забави.
Шеикот Рашид бин Муахмед бин Рашид Ал Мактум, најстариот син на Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактума, кој е заменик на претседателот и премиерот на Обединете Арапски Емирати и владар на Дубаи, почина во сабота попладне. Погребот на несудениот престолонаследник на Дубаи одржан е на гробиштата Ум Хураир, а молитвата ја водел неговиот татко.
Братот на Рашид Шеикот Хамдан бин Муахемед му одаде чест на својот брат на Инстаграм, споделувајќи фотографија со текст: Денес го загубив најдобриот пријатели и сопатник од детството..мојот брат Рашид. Ќе ни недостасуваш.
Стотина членови на семејството и пријатели, како и државни функционери пристигнаа во џамија Забел во Дубаи да за му ја одадат последната чест на синот на нивниот владар. Неговото тело завиткано во знамето на ОАЕ , го носеа неговите браќа.
Знамињата ширум земјата беа спуштени на половина копје, додека ОАЕ, државата богата со нафта прогласи тридневна жалост.
Блиско источните лидери, помеѓу кои се и кралот Салман бин Абдулазиз Ал Сауд од Саудиска Арабија и египетскиот претседател Абел Фатах ел Сиси, му изразија сочувство на шеикот Муахмед кој е еден од највлијателните личности во регионот.
По завршувањето на школувањето во Дубаи, Шеик Рашид дипломирал на војна академија во Сандхурст во Беркишир во 2002 година. Бил познат по неговата љубов кон коњите, принцот освоил две златни медали во јавање во трките на издржливост на азиската Олимпијада во 2006 година. Како вљубеник во спортот, основач е на спортскиот и културниот клуб во Дубаи, со кој претседавал до 2005 година.
Исто така, многу допринел во хуманитарната организација “Dubai Cares” , која се бори против сиромаштија на семејствата со деца.