Мистериозната смрт на британскиот шпион: Ги открил тајните на Клинтон! (ВИДЕО)


Вилијамс бил математички гениј, а непосредно пред смртта, до своето оставил порака снимена на диктафон, која подоцна била избришана.

Британскиот шпион Герет Вилијамс, бил убиен откако влегол во системот на датотеки кои имале ознака “доверливо”, а имале врска со поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.viljam3-630x426

Голото тело на 31-годишниот Герет Вилијамс, во состојба на распаѓање било пронајдено во неговиот стан во август 2010. година, во спортска торба заклучена со катанец од надвор, а сега на виделина се појавиле нови детали поврзани со неговата смрт.

Британските медиуми пренесуваат дека Вилијамс преку хакерски напад дошол до листата на гостите на манифестациите на кои требало да присуствува Клинтон, што ги налутило лидерите на MI6, организација за која тогаш работел.

-Тоа што го направил Вилијамс не наишло на добри реакции кај шефовите, а посебно лут бил тогаш поставениот директор на MI6, Џон Суерс. Вилијамс бил математички гениј, а непосредно пред смртта, до своето семејство оставил порака снимена на диктафон. Истата била подоцна избришана, наведува Daily Mail.viljam2-630x389

Безживотното тело на Вилијамс било пронајдено во спортска патничка торба во неговиот стан, а со реконструкција било утврдено дека неговите убијци побегнале од кровот на зградата.

Вилијамс бил агент на американската НСА пред да се врати во Лондон и да стане службеник на MI6, а постои и теорија дека зад неговата смрт стои Русија, бидејќи наводно открил план за пренесување на пари од Москва во Европа.

Иако набрзо по смртта на Вилијамс полицијата докажала дека теоретски е возможно некој сам да се заклучи во торба, британските медиуми го отвориле прашањето “кој би можел на сила да го затвори Вилијамс во торба и да го остави да умре”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1