Павле Трајанов ќе биде независен пратеник


Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, односно нема да биде дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија со којашто беше во коалиција.

Тој ќе настапува независно за да ги претстави ставовите на својата партија и да се подготвува за најавените предвремени парламентарни избори.pavle trajanov

Трајанов вели дека за оваа одлука го известил и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, но сепак Трајанов одлучил да остане во владината коалиција.

„После парламентарните избори Демократскиот сојуз доби одредени функции и сега нема никаква причина од нив да се откаже. Кога ќе сметаме дека одредени законски решенија се добри за граѓаните ќе дадеме поддршка“, вели Трајанов.

Тој најавува и формирање на нова политичка групација во која влегуваат и други политички партии и асоцијации.

Независен пратеник од пред неколку месеци е и Лилјана Поповска од ДОМ, која истовремено и ја напушти владината коалиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1