Мистериозната црвена карпа на Kожув крие ходници и богатства – магнет за диви копачи


Од дедовци и прадедовци сме слушале приказни дека во внатрешноста на црвената карпа има долги ходници во кои во минатото било скриено големо богатство, раскажуваат постари луѓе од овој крај за карпата која се наоѓа во близина на тиквешкото село Радња.

Konopiste-300x199Црвената боја ја зголемува нејзината магичност и ги подгрева разните мислења за тоа што се крие во нејзината утроба. Грандиозноста од околу стотина метри височина ја прави своевидна господарка во дивината.

Мистериозната црвена камена маса во срцето на Kожув, на петнаесетина километри од ски-центарот на оваа планина, како магнет привлекува туристи, авантуристи, спортски качувачи, планинари, но и натрапници што трагаат по злато и друго богатство.

– Постојат многу легенди во врска со таинствената црвена карпа, кои се пренесуваат со генерации. Од дедовци и прадедовци, низ годините, крај топлите огништа во долгите зимски ноќи сме слушале дека во душата на таа карпа се наоѓаат долги ходници во кои било скриено големо богатство. Страстите се вжештуваат бидејќи во карпата има и една полупештера. Токму ова е причината поради која овој карпест предел е редовно посетуван од златомани и трагачи по скриени богатства. Ловците на злато не мируваат. Ние мислиме дека бојата на карпата е од присуството на руда во нејзиниот состав – ни рекоа постари луѓе што потекнуваат од овој крај кога се распрашувавме за карпата затскриена зад оголените дрвја во март.

За да се стигне до црвената карпа, во двата правца се пешачи околу осум часа. Kога до карпата се оди преку Kавадарци, тогаш неизбежно е двапати да се поминува реката Дошница и тоа преку импровизирани мостови. За одење во планина мора да се има соодветни обувки.

Целата сторија на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1