Мистериозната црвена карпа на Kожув полна ходници и богатства – магнет за диви копачи


Постојат многу легенди во врска со таинствената црвена карпа, кои се пренесуваат со генерации.Од дедовци сме слушале приказни дека во внатрешноста на црвената карпа има долги ходници во кои во минатото било скриено големо богатство, раскажуваат постари луѓе од овој крај за карпата која се наоѓа во близина на тиквешкото село Радња.

Konopiste-300x199Црвената боја ја зголемува нејзината магичност и ги подгрева разните мислења за тоа што се крие во нејзината утроба. Мистериозната црвена камена маса во срцето на Kожув, на петнаесетина километри од ски-центарот на оваа планина, како магнет привлекува туристи, авантуристи, спортски качувачи, планинари, но и натрапници што трагаат по злато и друго богатство.

Токму ова е причината поради која овој карпест предел е редовно посетуван од златомани и трагачи по скриени богатства.

За да се стигне до црвената карпа, во двата правца се пешачи околу осум часа. Kога до карпата се оди преку Kавадарци, тогаш неизбежно е двапати да се поминува реката Дошница и тоа преку импровизирани мостови. За одење во планина мора да се има соодветни обувки.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1