Дорис, камила од Северен Јоркшир, Англија, родила младенче иако нејзините сопственици не паметат дека во последната година дена имала било каков контакт со мажјак, јавуваат британските медиуми.
Тие тврдат дека се вчудоневидени што Дорис, една од нивните две камили, родила младенчо, затоа што таа својот простор го делела со друга жена камила, која е нејзина полусестра.
Ендрју и Марија Хеншо немале поим дека Дорис е бремена се додека не го родила младиот мажјак. Единствено логично објаснување е дека Дорис била оплодена пред да пристигне на нивната фарма.
Хеншо извршувал работи на фармата кога некогиот помошник дотрчал да му каже дека камилата се пораѓа.
– Додека ние стигнавме, нозете и главата му беа веќе надвор, па само му помогнавме да излезе надвор. Тоа беше неочекувано. Што се роди, малиот мажјак камила почнал да прави врева како диносаурус. По неколку часа изгледал како жирафа со својот долг врат, или како чудовиштето од Лох Нес поради своите две грпки – изјавил Хеншо за „Дејли телеграф“.
Тој тврди дека бременоста на камилата може да трае подолго од година дена, дури и до 15 месеци, а смета дека тоа што на фармата пред неколку дена се породила една од неговите лами, ја натерало и Дорис да се породи.