Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон штрајк со глад“, се пожалил Митко Чавков, пренесува „Курир“.
Во неговата жалба тој вели дека со уредна медицинска документација, за потребата од оперативен зафат кој трае само два дена , со документација за закажани датуми за преглед и операција, беа запознаени одговорните раководители и директорот на КПД Штип. Медицинската документација ја игнорираат со нерационални и усмени одговори со што се ставија во улога на „господари на моето здравје“.
„Заради арбитрерното токување на позитивната обврска за здравствена заштита од државата, ќе бидат запознаени и Комитетот за превенција и заштита од тортура и ќе поднесам кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита.
Директорот на Установата не се ни воздржа да каже дека причина за неразумното и арбитрерно толкување и попречување на операцијата без писмено да ме извести според него било и поради “ЗВУЧНОСТА” на моето име и презиме, што е ПРЕСЕДАН!!! Политичка координација заради попречување на правото на здравствена заштита е не само преседан туку и акт на системска тортура” додава тој.