Митот за рокот на употреба


Имаме вртоглаво високи бројки. Секоја година 1,3 милијарда тони храна, една третина од вкупниот износ на прехранбени производи во светот, се фрла или завршува како остатоци, според податоците од Организацијата за исхрана и земјоделство со седиште во Рим.
Во храната што непотребно ја фрламе спаѓаат и пластичните канчиња од јогурт со поминат рок, а исто така и компирите што немаат убава тркалезна форма. Фрлањето на храната годишно нѐ чини 500 милијарди евра (685 милијарди долари). Но, има начин да се стави крај на лудилото.rok na traenje
Главните причини за фрлањето на храната се стандардите и регулативите. Строгите правила на Европската унија за овошјето и зеленчукот во последните 10 години ги истиснаа од пазарот производите што не ги задоволуваат стандардите. На овој начин земјоделците се обврзани да одберат 20 отсто од производството што не е според стандардите и да го испратат во прехранбените фабрики. Друга варијанта е да го употребат како вештачко ѓубриво. Според Агенцијата за животна средина и управување со енергија (АДЕМЕ), годишно се фрлаат до 750.000 тони храна.

Но, се разбира, секогаш постојат луѓе што се спротивставуваат на оваа практика и на строгите регулативи. Некои производители на храна навистина се трудат да го убедат синџирот на дистрибутерите да продаваат „грд“, но вкусен зеленчук што носи етикета со натписот: „Не е важно како изгледам“.

Друг проблем е рокот на употреба. Според магазинот „Ла Тере“, секоја година се фрлаат 600.000 тони храна што наводно е со краток рок на траење. На веб-страницата Гаспифајндер можете да го скенирате бар-кодот на производот и потоа сајтот ви покажува уште колку дена по рокот на употреба истиот производ може да се консумира. Обично постојат два датума, едниот е „употребливо до“, а другиот е „рок на траење до“. На пакувањата од суво овошје стојат само како препорака. Вреќите брашно или пакуваните колачи можат да се употребуваат иако им е поминат рокот. Ова покажува дека потрошувачите често ги мешаат препораките и ја оставаат храната што сметаат дека е со поминат рок во супермаркетите, кои, пак, немаат друг избор освен да ја фрлат.

Така, за да не дојде до забуни, Европската комисија предложи Европската унија да ги забрани овие препораки за следниве производи: шеќер, оцет и чоколадо.

Донирајте храна во добротворни цели

Многу луѓе можеби нема да веруваат, но всушност супермаркетите ќе ги чини многу помалку доколку ги донираат неупотребливите производи во добротворни организации, наместо да ги фрлаат. Тие што донираат храна во добротворни цели ќе имаат корист од даночното олеснување. А, во меѓувреме, се плаќа по 120 евра од тон за собирање и за спалување на храната.
– Супермаркетите треба направат селекција пред да ја фрлат храната – вели службеникот од француската банка за храна.
Супермаркетите не се единствените што фрлаат храна. Виновни се и мензите и болничките кујни. Често се случува храната да остане недопрена на послужавниците, а што се прави потоа со неа? Се фрла.
Следни сме ние и што правиме во домот. Лошите навики прво ќе ги забележите во фрижидерот. Имаме повеќе млеко отколку што ни е потребно, храната не е добро зачувана, остатоците од вечерата веднаш ги забораваме. Што му правиме на вчерашниот леб? Речиси секогаш завршува во ѓубре.
Во Франција просечно секој потрошувач фрла 20 килограми храна секоја година, што значи 400 евра неупотребена храна, оценува Агенцијата за животна средина и управување со енергија. Меѓународната банка за храна посочува дека 35 отсто од храната се фрла дома и тоа најмногу во развиените земји.
– Оброците ни се симпатични, но скромни, благодарение на вашата развиена уметност за користење на остатоци од храна – напиша францускиот поет Пол Верлен.
Во ова време кога владее економската криза можеби има надеж за остатоците од храна.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1