ретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашната партиска свеченост по повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба, побара да се донесе закон за амнестија за учесниците во настаните од 27-ми април во Собранието
Според него, така ќе има неселективна правда и слободна за сите. Во врска со новонастанатата ситуација во партијата што ја води, рече дека минатиот петок бил „црн петок“, а пратениците кои гласале спротивно на партискиот став, како што рече, ја предале партијата и државата и се воделе од личен интерес.
– И дел од платениците влегоа со лични аранжмани со власта, надевајќи се на својата слобода, но разочарувајќи го народот. Дел од нив тоа и лично го признаа, рече Мицкоски во македонскиот народен театар пред членови и симпатизери на партијата во 40-минутното обраќање, на кое му претходеа овации и пеење патриотски песни.