„Се освен оставка од премиерот Заев е неприфатливо по дипломатскиот скандал со двајцата руски комичари“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Вели дека во оваа држава конечно некој мора да сноси одговорност и повика на одржување на предвремени парламентарни избори
Според него, премиерот Заев треба да се повлече и да се формира техничка влада.
Во однос на промената на позицијата на власта во Грција Мицкоски не одговори конкретно дали доколку ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт ќе може да успее да направи нов Преспански договор кој ќе биде во корист на Македонија.