Имаме случаи како Монструм каде имаме брутална егзекуција и имаме докази, спорот е воден пет години, урната е пресудата, рочиштата се вратени на почеток и се одвиваат еднаш месечно, а од друга страна имаме судски спор од 27 април кој што рочиштата ги закажува надлежната судијка на дневна основа, ден за ден и притоа соседите ми кажуваат дека неколкумина се грижат за безбедноста на истата и јас не гледам доколку сум чист и сум слободен граѓанин и тоа што го работам е согласно законите и Уставот зошто е потребно некој да се грижи за мојата безбедност, ова го потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма.