Мицкоски: Заев, готов си!


Не се плашам од избори, и не молам Бога да не се случат, му возврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција, која следуваше по обраќањето до конференцијата за медиуми на премиерот Зоран Заев.

Тој, како што рече, во името на ВМРО-ДПМНЕ бара уште во понеделник да се распушти Парламентот, да се формира техничка Влада, и да се распишат предверемени парламентарни избори.

– Зоран Заев, готов си! Ајде да одиме на избори и да видиме дали Зоран Заев ја ужива довербата, или вистинската анкета ќе му ја испорача народот. Ова не го барам само како ВМРО-ДПМНЕ, туку барам Македонија да престане да губи, и да си оди еден политичар каков што е Заев – рече Мицкоски.

Одлуката за промена на името ја оцени како срамна.

– Оваа влада беше за едно прашање и тоа го решивте кататсрофално преку промена на името, иденитетот, јазикот, истоијата, културата, образованието, промена на се што е македонско и овој рок и оваа задача сега завршува. Токму затоа оваа влада која ја предводиш ти толку силно ќе падне, што тешко дали нешто ќе остане од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да ја исправи во иднина оваа неправда. Останува запишано дека 81 човек го променија името и идентитетот, а не народот и не граѓаните на оваа држава – рече Мицкоски на прес конференцијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1