Мицотакис: Не прифаќаме македонска националност и македонски јазик


Уставни измени, отстранување на иредентизмот, заемно прифатливо име ерга омнес, без македонска националност и македонски јазик, се условите за решение на прашањето за името, според лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Говорејќи пред одговорните на секторите во партијата, Мицотакис рече дека договорот што нема да ги задоволува националните интереси, нема да биде прифатен од Нова демократија.

– Ние како партија цврсто остануваме на нашата позиција. Решението треба да биде едно, комплетно и да содржи три елементи: промена на Уставот на Скопје, отстранување на секаков иредентистички елемент, вклучувајќи ги и националноста и јазикот. Македонска националност и македонски јазик не можат да бидат прифатени. Едно име за севкупна употреба во и вон границите и име заемно прифатливо што нема да ги труе односите на двете држави, веќе следниот ден, рече Мицотакис, потенцирајќи дека оваа позиција е чесна, реална и патриотска и ја гарантира и обединетоста на Грците.

Претседателот на Нова демократија упати остри критики до грчката влада, велејќи дека а шефот на грчката дипломатија дека повеќе ги бранел нашите аргументи, отколку грчките интереси, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ципрас и понатаму е опасен за националните интереси и неговата влада не ја поседува потребната сериозност за да управува со критични национални прашања и ова треба да го сфати, не само г. Ципрас туку и г. Коѕијас, кој често пати изгледа како повеќе да ги брани аргументите на нашите соседи отколку интересите на земјата и го прави тоа, го стори тоа и вчера во телевизиското интервју, рече Мицотакис.

Според лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Ципрас по секоја цена се обидува да постигне договор со нашата земја.

-Она што го гледаме е агонија, голема агонија, по секоја цена и колку е можно побргу решение на скопското прашање за да им служи на меѓународните цели и сето ова е во време кога владата не поседува никаков политички легитимитет за да постигне меѓународен договор. Како што преговара денес г. Ципрас? Преговара како премиер што има поддршка од сите членови на владиниот кабинет и целото парламентарно владино мнозинство или преговара само како лидер на СИРИЗА?, истакна Мицотакис и рече дека „ваков феномен не постоел во ниту една грчка Влада“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1