Кумановецот М.Д. (27) и нанел двесет убодни рани во градниот кош на дваесетгодишната сопруга А.Д., која се наоѓа во животна опасност и поради сериозноста на повредите е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата трага по напаѓачот.
М.Д утрово околу девет часот ја напданал сопругата во семејната куќа на нејзините родители, лоцирана во населбата Доброшане.
– Откако влегол внатре, физички ја нападнал сопругата, а потоа и со нож. Притоа нејзината мајка се обидела да го спречи нападот, но откако и нејзе и нанел убоди на раката, излегла од собата за да го повика сопругот, а М.Д. избегал од куќата, изјави Валентина Николовска од СВР Куманово.
Вчера сопружниците имале расправија затоа што дваесетгодишната А.Д. сакала да го напушти кумановецот, кој и вчера физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници и клоци, а воедно и се заканил и дека ќе ја убие ако си замине.
Откако кумановчанката му ветила дека нема да го остави, тогаш тој излегол од дома, а А.Д. го повикала својот татко по што настанот е пријавен во СВР Куманово. Откако бил пријавен М.Д., по вчерашниот случај е приведен во СВР Куманово, но по извршена консултација со Основното јавно обвинителство е ослободен.
М.Д. од претходно и е познат на кумановската полиција која досега му поднесувала кривични пријави за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, за „прикажување на порнографски материјал на малолетник“ и за „тешка кражба“.