Младенов загинал во 23:30 – возел со 150км на час


Дваесет и три часот и триесет минути, тогаш според полициските иследници се случила кобната несреќа во која загина сопственикот на Фокус Никола Младенов, дознава Плусинфо од полициски извори.

kolata na mladenovИстрагата се уште трае треба да се испита целосно возилото но според изворите на Плус инфо откриена е брзината со која се движело возилото, а вештите лица утврдиле и како дошло до превртување на спортскиот „мерцедес“ со кој патувал Младенов.

Се чека на комплетниот извештај од Судска медицина  од каде за порталот кажале дека возилото на Младенов се движело со брзина од околу 150 километри на час.
,, Кога една брзина е констатна и крвотокот, притисокот и внатрешните органи се приспосубуваат на брзината со која се движи возилото. Во случајот, тоа било брзина од околу 150 километри на час. Во еден момент, функционирањето на телото запрело од 150 на нула. Не е откриено дека имал срцев удар. Бидејќи брзината била голема, кога возилото наеднаш запрело, органите доживеале шок. Ги очекуваме деталните наоди од токсикологија по што ќе можеме со сигурност да го објавиме нашиот извештај – изјавија за Плусинфо од Судска медицина.

bankina mladenovПостои информација дека уредот што ја покажувал брзината со која се движи автомобилот бил застанат на повеќе од 140 километри на час, поради што има претпоставки дека возилото се движело со неприспособена брзина во моментот на несреќата.   

Сепак Директорот на Институтот, Алексеј Дума за „Република“ вели дека таква изјава воопшто не дал тој бидејќи судска медицина нема надлежност за такво нешто.  Руктурата на аортата на починатиот настанала поради нагло намалување на брзината со која телото се движело, меѓутоа ние ниту сме одредиле, ниту можеме да ја одредиме точната брзина со која се движело возилото, вели Дума за „Република“.

КАКО ЗАГИНА МЛАДЕНОВ??

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА МЛАДЕНОВ – ДАЛИ ИМАЛО И ДРУГО ВОЗИЛО ВО СООБРАЌАЈКАТА

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1