Многу чистење, `рчење, на 99 години дознал дека го изневерувала – најлуди причини за развод


–  Грашок пресуден за брак
Последниот бизарен пример за развод е во Кувајт, кога жената одлучила да се разведе од сопругот по само една недела брак, и тоа поради начинот на кој нејзиниот новопечен сопруг јаде грашок. Сопругата била излудена поради фактот што избраникот на нејзиното срце не користи виљушка, туку грашокот го фаќал со прсти и го ставал в уста.

razvod_13– Обожавање на Мајли Сајрус
Речиси секој може да се пофали со некое хоби или страст, со кои се занимава независно од партнерот, меѓутоа 40-годишниот Карл Мекоид отишол неколку чекори подалеку од дозволеното. Имено, тој како страстен обожавател на Мајли Сајрус своето тело го украсил со 22 тетоважи со нејзиното име и лик. Иако тој сметал дека тоа е нормално, неговата сопруга токму тој факт го поднела до судот како причина за развод.

– Развод на 99 години
Една италијанска двојка е најстарата двојка што се развела – тој има 99 години, а таа 96. Антонио наводно пронашол писмо со кое се докажувало дека неговата сопруга во 40-тите години на минатиот век му била неверна, односно седум години откако се венчале. Поради тоа писмо се распаднал бракот што траел 77 години.

– Со мајката на меден месец
Уште еден интересен пример доаѓа од Италија. Имено, лутата 36-годишна Италијанка побарала развод само неколку недели по венчавањето затоа што нејзиниот сопруг на медениот месец ја повел и мајка си. Тој се правдал дека не може да ја остави поради кревкото здравје. Медениот месец го поминале заедно, но штом се вратиле сопругата веднаш побарала развод поради „преголема емотивна поврзаност“ на сопругот со мајка му.

– Зла готвачка
Пред две години „Њујорк тајмс“ пренесе приказна за мажот што поднел барање за развод зашто неговата сопруга „упорно и злобно“ му го сервирала јадењето што го мрази најмногу на свет – тестенини со туна.

divorce8044090– Премногу чистење
Медиумите во 2009 година пишуваа за Германката што поднесе барање за развод зашто веќе не можела да ја поднесе опседнатоста на сопругот со чистење. Иако со него живеела веќе 15 години, нејзиното трпение попуштило откако сопругот го срушил едниот ѕид во станот затоа што бил валкан.

– Маж што премногу зборува
Маријам Адуни, 38-годишна Нигеријка, одлучила да го остави сопругот затоа што премногу зборувал и не бил способен семејните тајни да ги зачува за себе. Маријам се пожалила дека нејзиниот сопруг сите семејни тајни ги дели со роднините и со пријателите.

– Прегласно ’рчење
Кинеските медиуми ја пренесоа веста за разводот поради прегласното ’рчење на еден сопруг. Неговата сопруга тврдела дека не се наспала откако се омажила. Исто така, додала дека поради неговото ’рчење се разболела и ослабела.

– Виновни се црковните ѕвона
Во овој случај причината за развод не е во ниту еден од сопружниците, туку во католичката црква. Џон Девајн од Исланд ја тужел црквата дека ѕвоната им ѕвонат 700 пати неделно, со што се создавало тензија во односот со партнерката и дека тоа било причина за развод на бракот. Од црквата им испратиле официјална изјава во која напишале дека ќе се молат за мирен исход на судскиот процес.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1