Шумахер би можел да остане во кома до крајот на животот


И да се разбуди Шуми нема да биде истиот –Ова го тврди англискиот експерт Ричард Гренвуд, а неговите германски колеги предупредуваат дека Шумахер можеби во кома ќе остане до крајот на животот.

sumaher33Шумахер не може да се опорави ниту по 19 дена од падот за време на скијањето во француските Алпи. Лекарите не можат да го разбудат од состојбата на индуцирана кома, во која беше ставен за да се помогне опоравувањето на неговиот мозок од последиците од ударот во карпа.

Доктор Ричард Гренвуд, специјалист за повреди на мозокот од Универзитетската клиника во Лондон, смета дека доколку Шумахер се разбуди од кома, ќе биде поинаква личност.

– Луѓето кои доживеале тешка повреда на мозокот имаат трипати поголеми шанси да починат порано од предвиденото. Луѓето по такви трагедии мораат да почнат на живеат поинаку, со нови животни ограничувања, бидејќи се променети. Не се веќе истите луѓе, вели Гринвуд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1