Многу сплетки, секс, тензија и крв – што следи во „Game of thrones“ 4 сезона


game-of-thronesИако сезоната 3 на “Игра на престоли” заврши пред само неколку недели веќе почнаа гласини околу четвртата сезона – кој со кого ќе се омажи, кој ќе умре, кој ќе седне на железниот престол.

Што ќе биде со змаевите на Калиси, ќе му биде ли верна Ше на џуџето Ланистер – се прашања кои секој кој ја гледал Игра на престоли постојано ги врти во глава и едвај чека да го види одговорот.

Еве што велат инсајдерските информации – што не чека во 4-та сезона.

game-of-thrones-nudity-600x450За почеток, сезона 4 ќе биде домаќин на четири нови ликови. Lysa Arryn, која се појави накратко во првата сезона како морничавата сестра на Кејт Старк, ќе има враќање во четвртата сезона.

Кејт Дики снимаше сцени за 3 сезона, кои подоцна беа укинати и преместени за во Сезона 4.

Покрај тоа, враќањето на Џон снег дo Црниот замок  ќе го донесе враќањето на чуварот на ноќните стражари Alliser Thonse, кој беше прв пат воведен во сезоната 1.

На другата страна, Daenerys, мајката на змаевите ќе продолжи со своето патување.

k-medium

Во сезона 3, таа ги ослободи робовите во Yunkai и Astaphor, а според книгите, таа ќе се пристигне во Mereen во престојната сезона.

Откако таа е таму, еден член на нејзината армија ќе мора да се соочи најдобриот воин на градот.

Калиси го избира  Belwas,  екс-роб борец, да се соочи со ривалот, а по неговата победа, моралот на војската на Калиси продолжува да расте како тие се подготвуваат да нападнат за да го повратат железниот престол.

joffrey-1024Други возбудливи прогнозирања за “Игра на престоли” се дека кралот Џофри, конечно, ќе го добие заслуженото. Владеењето на малиот тиранин ќе се заврши кога тој ќе биде отруен на сопствената свадба. Но кој го отру и кој ќе го преземе тронот?

Тајвин Ланистер изгледа до сега успешно јуришаше на круната, но дали ќе биде убиен од својот најмал син? Според книгата, неговиот најмлад син, џуџето Тајрон Ланистер, ќе ја најде својот љубовница, Shae, во креветот на неговиот татко и ќе го подигне мечот и против таткот и неа.

game of thronesНа север, Џон снег, најверојатно, ќе преживее, барем за уште една сезона или две. Ygritte од друга страна, не е толку среќна. Таа е убиена за време на еден од нападите на ѕидот.

Филмска екипа од HBO се очекува да слета во Исланд во јули и да почне со производство на сезона 4. “Игра на престоли” е сниман во Исланд и пред тоа, но само за време на зимските месеци. Овојпат, меѓутоа, екипажот ќе пристигне во средината на летото.

“Игра на престоли” 4 ќе се вратат на HBO следната пролет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1