Волонтер во Викиликс бил агент на ФБИ и го предал Асанж


Во август 2011 година, 18 годишниот Исланѓанец Сигурдур Сиги Тордарсон, влегов во американската амбасада во Рејкјавик носејќи фотокопија од австралиски пасош. Не бил негов, туку му припаѓал на Џулијан Асанж

Младиот Исланѓанец бил двоен агент. Три месеци паралелно работел како волонтер на Викиликс и доушник на ФБИ, и тоа по цена од 5.000 долари.

asanz i volenterИнтернационалните летови на Тордарсон ги плаќале ФБИ, а еднаш дури бил во Вашингтон. На Американците им доставил цело ЦД полно со податоци за Викиликс.

Тордарсон се зачленил во Викиликс со само 17 години, додека се уште бил во средно училиште.

Асанж го фалел работникот и рекол дека тој е шеф задолжен за контакт со новинарите доброволци, изворите и сите оние кои сакале да се поврзат со Викиликс.

Момчето за цело тоа време собрало околу илјада страници видео разговори кои им ги предал на ФБИ. Неговото предавство на Викиликс, е директно предавство на Асанж, кој Тордарсон го зел под свое и му бил ментор. Иако колегите го предупредувале Асанж дека со Тордарсон нешто не е во ред, тој му верувал.

Дури и кога бил пронајден шпионски лап топ во организацијата, Асанж му рекол „Ако ова ти го направи, немој да ми кажуваш„. Во еден интернет разговор, Асанж му рекол: „Ќе те бранам од сите обвиненија, и ќе бидат со тебе како и до сега, но очекувам лојалност од твоја страна„.

Наместо тоа Тордарсон одлучил да го предаде, а како мотив навел тоа што Викиликс започнал да крши премногу закони. Тордарсон влегол во американската амбасада носејќи копија од пасошот на Асанж како и документи за Викиликс.

Неколку дена подоцна, се сретнал со агентите на ФБИ кои му понудила да носи уред за прислушување за да го наведе Асанж да каже нешто што подоцна би било искористено против него, но Тордарсон одбил.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1