Најден луксузен гроб на девојче кај Смоквица – изградбата на коридорот 10 ги уништила локалитетите


Помали антички населби, повеќе објекти, монети, фрагментирана керамика, но и богати погребувања открија археолозите во изминатите шест месеци додека истражуваа повеќе локалитети од Демир Kапија до Гевгелија. Заштитните истражувања беа спроведени поради изградбата на Kоридорот 10, кој ќе ги поврзува овие два града, а е долг околу 20 километри. Повеќемина археолози од Струмица, Гевгелија и од Скопје требаше за кратко време да го истражат теренот кој ќе биде асфалтиран, а тешката градежна механизација можеше засекогаш да ги уништи културните слоеви на крајот, пишува Дневник.

arheologijaИстражувачкиот тим работел на повеќе локации. Една од нив е Св. Илија – Пиут, западно од селото Смоквица. Во првиот сектор обработиле и дефинирале најмалку три објекти и седум гроба.

Археолозите во гробовите не пронашле остатоци од скелети поради киселоста на карпата, во која биле вкопани гробните јами. Таа целосно ги уништила. Kај кремираните покојници нема остатоци од ритуалот – значи спалувањето се вршело на друго, посебно место. Во вториот сектор откриле девет гроба, четири со кремирани, а другите со инхумирани покојници. Еден од нив е особено луксузен, каде што било погребано девојче со две златни обетки, ѓердан од стаклена паста и еден сребрен прстен.

На локалитетот Св. Илија кај с. Смоквица е пронајден објект што бил дел од поголема населба од времето на римското владеење. Тука археолозите откриле траги од диви ископувања, па решиле сосема да го истражат локалитетот. Откриле седум бронзени монети, бронзени предмети со непозната намена, фрагменти на дно од стаклен сад со зелена боја и мали стаклени топчиња, фрагментирана лажичка од коска со врежана декорација, остатоци од железен нож и кружна бронзена апликација, интересен керамички тег со стилизиран натпис.

Повеќе на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1