Комеморацијата Zа трагично загинатите пилоти од Хеликптерската единица на МВР, кои во чтвртокот ги загубија животите при пад на хеликоптерот со кој пилотирале во близина на Струмица денеска започна со едноминутно молчење.
Во хеликоптерската несреќа животот го загубија Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков.
Семејствата на загинатите скршени од болка и тага им одадоа последна почит на нивните татковци, сопрузи, браќа… Децата на загинатите пилоти со неизмерна тага и голема болка едвај успеаја да ги сопрат солзите, пренесоа медиумите.
На комеморативната седница освен семејствата и роднините на загинатите присуствуваа бројни припадници на МВР, Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, директорот на БЈБ -Митко Чавков, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија- Горанчо Котески, Министерот за странски инвестиции -Веле Самак и уште многу други.
На Комеморацијата беше отворена и книга на жалост за прерано згаснатите животи на четворицата припадници на МВР, во која освен министерката Јанкулоска и семејствата на загинатите се потпишаа и голем број на граѓани.
Поради трагичната хеликоптерска несреќа Владата на Република Македонија донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија.