Ердоган: Ако некој ги допре Бошњаците ќе има против себе си 100 милиони Турци


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави на предизборен митинг дека секој што на некаков начин ќе им наштети на Бошњаците, ќе има против себе си 100 милиони Турци.

erdogan– Се колнам во големиот Алах, додека сум жив ако некој на некаков начин им наштети на Бошњаците, ќе има против себе си 100 милиони Турци, предупредил Ердоган пред големиот број приврзаници на митингот.

Тој истакнал дека Османската империја во минатото и ги предала своите браќа без никаква заштита на Австро-Унгарија и тоа Турците не можат никогаш да си го простат.

– Затоа никој не треба да се чиди кога турски воен брод навлезе во босанското пристаниште Неум, бидејќи тоа е знак за турската поддршка на суверенитетот на БиХ, нагласил Ердоган.

Изјавата на турскиот премиер беше остро осудена од претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој истакна дека „Бошњаците живеат слободно во цела БиХ, а заканата на Ердоган се смета како мешање во внатрешните работи на земјата и давање сила на бошњачките политички партии да бидат уште поактивни и агресивни кон останатите партииво БиХ“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1