МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Минхен досега


Министерството за надворешни работи (МНР) известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.minhen-teror

-Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се вели во соопштението на МНР.

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија

Лице за контакт: Блерта Сали

Мобилен телефон: +491 763 063 50 87

Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München

Е-пошта: [email protected]

Според официјалните податоци, досега бројот на жртвите по нападот во Минхен се искачи на 8. Се испитува дали едно од загинатите лица било инволвирано во нападот.

Полицијата апелираше до граѓаните да не објавуваат шпекулации во врска со случувањата на социјалните мрежи. Во Минхен прогласена е вонредна состојба, а во оперцијата вклучена е и елитната германска единица за борба против тероризам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1