Мобилна болница со 130 кревети ќе биде поставена до Инфективната клиника


Мобилна болница на почетокот на идната недела ќе биде поставена до Универзитетската клиника за инфективни болести, во која ќе се сместат 130 кревети, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Мобилната болница треба да го надополни капацитетот, тоа е болница која ја користи Армијата. Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана и целосно излегоа во пресрет од Армијата, а понатаму градот Скопје што го обезбеди просторот каде таа ќе биде сместена. Сметаме дека треба биде блиску и да се надополни капацитетот на Инфективната клиника, зашто тука е и експертизата и тука е и можноста да ротираат тимовите. Значи ќе има врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви, и кревети. Капацитетот ќе биде 130 кревети. Сегашниот капацитет на клиниката е 110 легла. Сметам дека ќе биде сосем доволен и може да се направи и добар распоред согласно клиничката слика на пациентите, рече Филипче.

Додаде дека секогаш се на располагање и другите лекари и медицински сестри од другите клиники и болници, тоа е план што го направиле пред неколку недели и тие можат да помогнат во третманот на пациентите.

Мобилната болница ќе биде поставена на просторот, каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар”, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1