Силен бран во саботата го заплисна во саботата пацифичкиот брег на Мексико во близина на познатата туристичка дестинација Акапулко, предизвикувајќи големи штети и смрт на едно лице, соопштија спасувачките служби на сојузната држава Гереро.
Властите го очекувале доаѓањето на овој бран, предизвикан од силниот судир на екваторијалните струи, поради што во областа на Акапулко било забрането испловувањето на помалите бродови, како и капењето во морето. Сепак, 21-годишен локален жител се оглушил на предупредувањата и решил да се капе на една од плажите, но за жал, би повлечен од големиот бран.
Бранот предизвикал штети на десетици куќи и ресторани во првата крајбрежна зона на Акапулко, каде што службите за спасување ги отстрануваат последиците од стихијата.
Масивниот океански бран, исто така, ги заплиснал и бреговите на Еквадор. Според локалниот портал Universo, во многу крајбрежни региони забрането е движењето по патиштата, како и користењето на плажите.