Моќта на љубовта: Претчувствувала дека нешто не е во ред и побрзала да се врати дома…


Никол Мехји од Јута, благодарение на инстинктот побрзала да се врати дома од работа и го пронашла сопругот во гаража со што го спасила од потенцијално смртоносна стапица.

Нејзиниот сопруг Скот Мејхи (43), го поправал камионот и останал заробен под возилото. Половина час врескал и молел за помош, а кога сфатил дека никој не го слуша, почнал да се моли неговата сопруга Никол да си дојде од работа.nikol-m

Токму во тоа време, неговата сопруга имала чудно чувство дека треба да си побрза дома.

-Само си реков: Мора да отидам дома да го проверам сопругот. Тој го поправа автомобилот, објаснила Никол.

Таа ѝ поверувала на интуицијата и на внатрешниот глас  кој го слушнала и го пронашла сопругот во гаражата, таткото на нивните пет деца, кој бил заробен под камионот.

-Едвај дишеше, знаев дека многу го боли. Можеше да го слушне автомобилот, но не знаеше што се случува, додала таа.

Никол повикала помош и останала покрај сопругот сѐ додека не дошле полицајците и пожарникарите.

Веднаш го однеле во болница, каде што лекарите утврдиле дека му се скршени шест ребра, но очекуваат дека тој потполно ќе закрепне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1